Две децении од падот на Берлинскиот ѕид

Германија денеска со бројни свечености ќе ја прослави 20. годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

 |  Крсте Голабовски  | 
Berlinski zid
Берлински ѕид

Германија денеска со бројни свечености ќе ја прослави 20. годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.

Berlinski zidОдбележувањето ќе почне со средба на германската канцеларка Ангела Меркел со американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

Во попладневните часови, Меркел заедно со поранешниот советски и полски претседател, Михаил Горбачов и Лех Валенса, ќе го минат мостот на кој до обединувањето на двете германски републики се наоѓаше граничниот премин Борнхолмер Штрасе.

Вечерва, пред Брандербуршката порта, која се наоѓаше точно на границата меѓу некогашниот Источен и западен берлин, ќе биде одржана централната „Свеченост на слободата“. На настанот, покрај другите, ќе присуствуваат претседателите на Русија и Франција, Дмитриј Медведев и никола Саркози, британскиот премиер Гордон Браун, како и претседателите на Европскиот парламент и на Европската комисија, Јержи Бузек и Жозе Мануел Баросо.

Според сценариото, свеченоста треба да заврши со симболично рушење на домино коцки на местото на кое до пред две децении се наоѓаше Берлинскиот ѕид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top