Најмалку 50 војници од мировните сили на ОН во светот се казнети поради сексуални злоупотреби од 2007 година досега, соопшти ОН.Казните се од деградирање до пресуди од осум месеци затвор.
Најмалку 50 војници од мировните сили на ОН во светот се казнети поради сексуални злоупотреби од 2007 година досега, соопшти ОН.Казните се од деградирање до пресуди од осум месеци затвор.
Податоците беа објавени откако медиуми поставија прашања за мерките на ОН против свои миротворци, обвинети за сексуални криминални дела во конфликтните региони како ДР Конго.
ОН може да врши истрага по сигнали за криминални дела, но судски процедури може да почнат само државите кои испратиле мировници.
Во оваа година бројот на судски гонети мировници е поголем од претходната – 33 луѓе. Само две лица се казнети за сексуални криминални дела во 2008 година, и 15 во 2007 година.
„Сините шлемови“ извршувале сексуални криминални дела во Босна, Косово, Камбоџа, Источен Тимор, Западна Африка и ДР Конго. Проблемот доби публицитет откако во почетокот на 2005 година, ОН откри дека нејзини мировници во ДР Конго имале секс со конгоански жени и девојки во замена за храна или мали парични средства. Оттогаш Организацијата применува „нула толеранција“ кон такви обвинувања.
Од 2007 година, ОН предала на националните власти 450 „сигнали“ за сексуални и други злоставувања, но добила одговор за само 29.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град