Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг по трет пат е избран на оваа должност на вчерашните делумни локални и државни избори во САД.
Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг по трет пат е избран на оваа должност на вчерашните делумни локални и државни избори во САД.
Според 91 отсто од преброените гласови, поранешниот републиканец Блумберг, кој сега настапи како независен кандидат, освоил 50 проценти од гласовите, додека неговиот главен противкандидат, демократот Бил Томпсон 47 отсто.
Сепак ваквите изборни резултати претставуваат изненадување, од причина што според предизборните анкети, се очекуваше Блумберг да победи со над десетпроцентна предност.
Според американските медиуми, за изборната кампања Блумберг поторшил над сто милиони долари, што е 13 пати повеќе од Томпсон, која за оваа цел поторшил само седум милиони долари.
Во исто време републиканецот Крис Кристи е избран за нов гувернер на сојузната американска држава Њу Џерси. Тој го совлада актуелниот гувернер, демократот Џон Коразаин со 50 отсто освоени гласови.
Во Вирџинија пак, републиканецот Боб Мекдоналд е избран за гувернер со освоени 63 отсто од гласовите. Како и во Њу Џерси и во Вирџинија, досега на власт беа демократите.
Аналитичарите оценуваат дека ваквите победи на републиканците или на независни кандидатит поддржани од нив претставуваат удар за американскиот претседател Барак Обама и неговата демократска Администрација.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град