Црногорската влада договори да купи два кинески трговски брода вредни 55,6 милиони долари, коишто би требало да бидат испорачани до крајот на 2012 година.
Договорот за купување на бродовите е потпишан во Шангај со „Поли груп“ од Пекинг, додека со бродоградилиштето во Шангај е договорена нивната изградба, соопшти синоќа црногорското Министерство за сообраќај.
Бродовите ќе имаат носивост од 35,000 тони.
„Бродовите ќе бидат купени и изградени со кредит што кинеската влада го дава на пријателските земји за помош во развој“, се наведува во соопштението.
Рокот на отплата на заемот е 15 години, со три отсто фиксна камата и грејс период од пет години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град