„Pepsi“ заработи казна од 1,26 милијарди долари

Пресудено е дека компанијата украла идеја за полнење и продажба на вода од двајца мажи од Висконсин.

 |  Крсте Голабовски  | 
лого
logo

Пресудено е дека компанијата украла идеја за полнење и продажба на вода од двајца мажи од Висконсин.

PepsiПепси сега се жалил на пресудата, јавуваат американски медиуми. Казната е изречена на 30 септември, а од компанијата велат дека за судската тужба не знаеле се до 6 октомври, затоа што поради административна грешка документите се загубиле во нивните канцеларии.
Судскиот процес почнал во април откако двајца мажи ја тужеле компанијата и две компании кои работат како дистрибутери за продажба поради случај од 1981 година.
Поради административна грешка, еден од најголемите светски произведувачи на сокови Пепси е казнет од суд во Висконсин со 1,26 милијарди долари.
Тогаш тие имале разговори со дистрибутерите за продажба на вода за пиење. Дистрибутерите, се вели во тужбата ги проследиле до Пепси идеите кои ги искористил за производство на водата Aquafina.
Пепси сега се жали дека судските документи од Висконскин им биле непрописно врачени во Северна Каролина. Тие го замолиле Судот да им прости заради бирократски процес кој довел до тоа за тужбата не се дознало се додека целиот процес не бил готов.
Пепси тврди дека првите документи поврзани со случајот ги добиле на 15 септември кога копија од документите била проследена до заменикот главен аадвокат во Северна Каролина, Том Тамонеј. Секретарката на Тамонеј, Кети Хенри го оставила писмото настрана, а потоа никому не кажала за писмото бидејќи била „многу зафатена поради состаноци на Управата на компанијата“.
Кога Хенри на 5 октомври добила копија од пресудата за отштета, го испратила до одделот кој се занимава со прашања за Aquafina. Откако се сетила дека има сличен документ уште од 15 септември, го испратила и него.
Во компанијата набрзо разбрале за што се работи и останале шокирани, јавуваат американски медиуми.
Во Пепси не успеале да објаснат како е можно преку своите бизнис-партнери да не дознале за тужбата.
Сега Пепси тврди дека процесот воопшто и не требало да биде поведен бидејќи тужителите поднеле тужба 30 години по наводните доверливи состаноци по кои тврдат дека им е украдена идејата па поради тоа случајот е застарен.
Тие тврдат дека немале можност адекватно да се бранат на суд, и засега според локалните медиуми, не се знае како ќе завршуи целиот случај.
Адвокатот на тужителите изјави дека Судот би можел дапочне процес за утврдување отштета, но е тешко дека ќе се поништи пресудата за Пепси.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top