Самит на лидерите на EУ

Шефовите на држави или влади на 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) во четврток во Брисел го започнуваат дводневниот состанок.

 |  Крсте Голабовски  | 
summit EU
самит ЕУ

Шефовите на држави или влади на 27-те земји членки на Европската унија (ЕУ) во четврток во Брисел го започнуваат дводневниот состанок.

summit EUГлавни теми на самитот на ЕУ ќе бидат изнаоѓање договор за финансирање на борбата против климатските промени во земјите во развој, како и прашањето за барањата на Чешка за таа држава, како последна од унијата, што поскоро да го ратификува Лисабонскиот договор.

Друга значајна тема на состанокот на врвот се критериумите за избор на иден претседател и шеф на дипломатијата на Европската унија.

Досега интерес за функцијата претседател на ЕУ, која што се предвидува со Лисабонскиот договор, пројавија поранешниот британски премиер Тони Блер и претседателот на владата на Луксембург Жан Клод Јункер. Во европските кругови за функцијата претседател се вртат и имињата на холандскиот премиер Јан Петер Балкененде, поранешниот белгиски премиер Ги Ферхофштат, како и поранешната претседателка на Ирска Мери Робинсон.

На функцијата висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ претендираат шефот на шведската дипломатија Карл Билт, францускиот европратеник Мишел Барније и еврокомесарот за проширување Оли Рен.

Како кандидати се споменуваат и поранешните шефови на дипломатиите на Италија, Австрија и Грција, Масимо Д’алема, Урсула Пласник и Дора Бакојани, доскорешниот германски министер Франк Валтер Штајнмаер и министерот за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Милибанд.

Лидерите на ЕУ внимание ќе посветат и на зауздување на економската и финансиската криза, растечката невработеност и се погорливото прашање на илегалната имиграција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top