Бројот на жртвите од поплавите на Сицилија расте

Во петок навечер италијанскиот премиер Берлускони најави дека бројката загинати во поплавите на Сицилија може да се искачи и над 50.

 |  Крсте Голабовски  | 
poplavi
поплави

Во петок навечер италијанскиот премиер Берлускони најави дека бројката загинати во поплавите на Сицилија може да се искачи и над 50

poplavi„Досега имаме дваесет мртви и триесет исчезнати, но на крајот најверојатно ќе има најмалку пеесет мртви. Ситуацијата е многу тешка, иако се однесува само на две долини“, изјавил Силвио Берлускони во Милано.

„Веројатно ќе заминам таму да видам што се случува и да разговарам со луѓето. Штетите со огромни, но поважно од нив се луѓето, речиси 50 загинати, тоа е голема бројка“, рекол за ANSA италијанскиот премиер Берлускони.

Според официјалните податоци на цивилната заштита на Сицилија, најмалку 17 лица загинале, а 35 се водат како исчезнати во поплавите и одроните на почвата во близина на градот Месина, како последица на големите дождови во четвртокот и петокот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top