Поплавите во Тунис зедоа најмалку 17 лица

Најмалку 17 лица загинаа, а осум се повредени во поплавите кои го зафатија јужниот дел на Тунис, јавија денеска медиумите во оваа северноафриканска земја.

 |  Крсте Голабовски  | 
Tunis
Тунис

Најмалку 17 лица загинаа, а осум се повредени во поплавите кои го зафатија јужниот дел на Тунис, јавија денеска медиумите во оваа северноафриканска земја.
TunisСпоред очевидци повеќето од загинатите животот го загубиле во своите куќи, поради уривање на ѕидови и на кровови.
Дел од жртвите се удавиле при надоаѓање на голема количина вода, која во некои места достигнала ниво од над два метри.
Претседателот на Тунис Зине ел Бен Ели нареди да се преземат итни мерки за справување со ситуацијата.
Септември вообичаено е месец, кој им носи најголема суша на жителите на Тунис, но оваа година поројните дождови, кои паѓаа со денови, создадоа проблеми не само во оваа земја, туку и во соседниот Алжир, каде минатата недела најмалку 16 лица загинаа во поплавите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top