Египетскиот министер за култура, Фарук Хосни, изјави дека поради завера на Евреите „скована во Њујорк“ не станал нов шеф на Организацијата на ОН за култура и образование (УНЕСКО).
Египетскиот министер за култура, Фарук Хосни, изјави дека поради завера на Евреите „скована во Њујорк“ не станал нов шеф на Организацијата на ОН за култура и образование (УНЕСКО).
На изборите што се одржаа во вторникот, победи бугарскиот дипломат Ирина Бокова.
„Беше јасно до самиот крај на гласањето дека постои завера против мене“, изјави Хосни за новинарите по враќањето од седиштето на УНЕСКО во Париз.
Тој рече дека „постои група Евреи кои имале главно влијание врз изборите, на кои што не постоела сериозна можност да ги освои Египет“.
Последните месеци Хосни беше сметан за фаворит за нов шеф на УНЕСКО, но неговите шанси значително опаднаа поради цензура на културата во неговата земја и поради неговите минатогодишни изјави дека ќе ги запали израелските книги. Подоцна се извини заради таквите изјави.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град