Евреите ја пречекаа Новата 5770 година

Евреите со молитви во синагогите во светот синоќа го одбележаа почетокот на Новата 5770 година Рош Хасана, прв во циклусот големи еврејски празници.

 |  Крсте Голабовски  | 
Evrejska Nova godina
Еврејска Нова година

Евреите со молитви во синагогите во светот синоќа го одбележаа почетокот на Новата 5770 година Рош Хасана, прв во циклусот големи еврејски празници.
Основна молитва до Господ на празникот Рош Хашана гласи „Запиши не нас во книгата на животот“. Рош Ашана во буквален превод глава на годината, а се преведува како Нова година и се слави во месецот Тишри, кој е седми месец од еврејскиот лунарен календар. На Рош Хашана преку молитви се изразува желбата за ослободување од душевни тегоби, како во Новата година човекот би влегол исчистен од гревовите.

Evrejska Nova godinaОбичајот кој се вика Ташлих, на првиот ден од празникот да се оди на брегот на реките или морињата и кога гревовите симболично се фрлаат во вода. Рош Ашана е време кога сите човечки дела се ставаат на вагата на правдата и ниедно нема да биде заборавено пред судот на Престолот Божји и време за примање на оние кои се покајуваат и кои донеле одлука низ животот да не одат слепо.
Првиот месец од еврејскиот календар е месец нисан кога се слави празникот Песах, но Новата година се слави во седмиот месец затоа што Евреите се раководат од препораките и законите на Талмудот, каде стрикно пишува дека Рош Апана е почеток на создавањето, а Тишри е месец во кој е настанат светот. Евреите веруваат дека „светот е создаден во духот на тишри, а чинот во нисан“ и дека седумте дена создавање се одиграле пред повеќе од петнаесет милијарди години, пред Големата експлозија.
Спроред Талмуд и некои други древни записи на Адам му претходеле 974 генерации, Мојсие бил дваесетишестта генерација после Адам, а староста на светот изнесува 42.000 години. Со овој празник, кој се слави 48 часа, завршува претходната 5769 година, која според Грегоријанскиот календар почна на 30 септември 2008 година, а завршува денеска.
Новогодишната трпеза задолжително треба да содржи нешто слатко за целата година да биде слатка. Во рамките на истата симболика не се служи ништо кисело, горчливо ниту луто, а се јаде риба со глава или јагнешка глава за годината да биде целосна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top