Парламентарни избори во Норвешка

Парламентарни избори денеска се одржуваат во Норвешка, каде што според анкетите многу блиску се владејачката лева коалиција и групата од четири опозициски партии на десницата.

 |  Крсте Голабовски  | 
zname
знаме

Парламентарни избори денеска се одржуваат во Норвешка, каде што според анкетите многу блиску се владејачката лева коалиција и групата од четири опозициски партии на десницата.

фјордСпоред истражувањата на јавното мислење исклучително тесна ќе биде трката меѓу двата блока – левата коалиција – лабуристите на премиерот Јенс Столтенберг, Социјалистичката лева партија и Партијата на центарот и групата од четири опозициони партии предводени од анти имигрантската Партија на напредокот.

Ниту една влада не е избрана за втор мандат во Норвешка од 1996 година, кога државата почна да одвојува дел од приходите од нафтата во јавниот фонд, кој што се чува за тешки времиња. Таа појава дури е наречена и „клетва на нафтениот дар“.

Премиерот Столтенберг од Лабуристичката партија, кој е на власт од 2005 година, истакнува дека негова заслуга е тоа што Норвешка ја преброди светската финансиска криза, благодарејќи на „нафтениот фонд“, што кон крајот на јуни вредеше 277 милијарди евра.

Меѓутоа, според анкетите половина од гласачите сакаат промени.

Норвежаните и покрај високиот стандард се незадоволни од низа недостатоци – долги редици кај лекарите, недостиг на места во домовите за стари лица и незадоволителната патна мрежа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top