Нова порака на Осама бин Ладен до Американците

Лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен го предупреди денеска во аудио порака американскиот народ на блиски врски на Владата на САД со Израел оценувајќи дека претседателот Барак Обама е немоќен да ги запре војните во Ирак и Авганистан.

 |  Крсте Голабовски  | 
Osama Bin laden
Осама Бин Ладен

Лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен го предупреди денеска во аудио порака американскиот народ на блиски врски на Владата на САД со Израел оценувајќи дека претседателот Барак Обама е немоќен да ги запре војните во Ирак и Авганистан.

Osama Bin ladenНеговата порака под наслов Соопштение до американскиот народ, трае околу 10 минути и е објавена на исламистичка интернет-страница која често ја користат приврзаниците на Ал Каеда.
Лидерот на Ал Каеда оцени дека Обама е немоќен да ги запре војните во Ирак и Авганистан и оти само ги „променил лицата во Белата куќа“. Тој вели дека не се случиле вистински промени во американската политика бидејќи Обама задржал некои луѓе од администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш како што е секретарот за одбрана Роберт Гејтс.

– Ако добро размислите за својата ситуација, ќе видите дека Белата куќа ја окупирале групи кои вршат притисок. Наместо да се бори за ослободување на Ирак, Белата куќа е таа што треба да се ослободи, вели Бин Ладен.

– Дојде време да се ослободите од стравот и идеолошкиот тероризам на неоконзервативците и израелското лоби. Причина за нашиот спор со вас е вашата поддршка за Израел кој ја окупира нашата палестинска земја, вели тој во пораката.
Бин Ладен зборува и за Авганистан и американската поддршка на Пакистан.

– Доколку ја завршите војната, тогаш во ред. Во спротивно, ние нема да имаме друг избор туку да ја продолжиме нашата војна на секој фронт. Ако се одлучите да изберете безбедност и запирање на војните тогаш сме подготвени да одговориме на тоа, вели лидерот на Ал Каеда.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top