Невладината организација Хрватско културно движење ќе ја објави кандидатурата за претседател на Хрватска на генералот Анте Готовина, кој е обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства, извршени врз Срби за време на операцијата „Бура“.

Организацијата на 19 септември организира „Втор собир на родољубивите Хрвати“, на кој официјално ќе биде објавена кандидатурата на Готовина за претстојните претседателски избори.
Тројца хрватски генерали – Анте Готовина, Иван Чермак и Младен Маркач, се судат за воени злосторства, извршени за време на операцијата „Бура“, во која, според различни оценки, загинале меѓу 1.000 и 5.000 луѓе.
Хрватска ја започна големата операција „Бура“ во август 1995 година со цел да ги преземе под своја контрола териториите во централниот дел на земјата, заземени од хрватските Срби.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град