Двајца напаѓачи беа убиени во престрелка со силите за безбедност во близина на полициска станица во Кабул, а провинциите во северниот и во јужниот дел на земјата беа погодени со повеќе ракети.
Полицијата во северната провинција Тахар приведе две лица, кои имале намера да извршат самоубиствена напад на гласачко место.
Одзивот на гласачите во првите часови по отворањето на избирачките места е помалку од третина во споредба со изборите од 2004 година. Причина за малиот одзив најверојатно нападите, со кои се заканија Талибанците, кога го повикаа населението на бојкот на изборите.
Фаворит на претседателските избори е актуелниот шеф на државата Хамид Карзаи, но според последните анкети, тој нема да има доволно мнозинство да го избегне вториот круг во октомври. Најсериозен против кандидат е бившиот министер за надворешни работи Абдула Абдула.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град