Ирачката Влада го разгледува донесувањето на закон со кој би се забранило пушење на јавни места.
Ирачката Влада го разгледува донесувањето на закон со кој би се забранило пушење на јавни места.
Тоа ќе биде прв законски проект во земјата каде што палењето цигара е ритуал на иницијација за момчињата.
Владиниот портпарол Али Ал-Дабаг вчера изјави дека целта на овој закон е да се намали бројот на луѓето што почнуваат да пушат и да се зголеми свеста за штетноста од пушењето.
Ал-Дабаг рече и дека ќе биде забранета продажбата на цигари на малолетниците.
Ако законот биде усвоен, пушењето ќе биде забрането на јавни места како државните установи, училиштата, кината и аеродромите. Со новиот закон и во медиумите би се забранило рекламирањето цигари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град