Напредок во преговорите за повторно соединување на Кипар

Лидерите на грчката и турската заедница на Кипар постигнаа значаен напредок во преговорите за повторно соединување на таа поделена островска држава.

 |  Крсте Голабовски  | 
zname
знаме

Лидерите на грчката и турската заедница на Кипар постигнаа значаен напредок во преговорите за повторно соединување на таа поделена островска држава.

KiparОва вчера го соопшти пратеникот на Обединетите нации (ОН), Александер Даунер. „Првото читање е завршено. Од перспективата на ОН можеме да кажеме дека тоа е добар напредок кој што покажува дека е остварен значаен напредок во преговорите“, додаде тој.

Кипар е поделен од турската инвазија во 1974 година. Претставниците на двете страни ги оживеаја преговорите во септември минатата година, но тие бавно напредуваа по речиси 40 – те состаноци во напуштениот аеродром во тампон зоната на ОН.

Двете етнички заедници се согласуваат, барем на хартија, околу соединување на островот во двозонска и двоетничка федерација, но не можат да се сложат околу начинот на кој што би функционирала.

Најтешкото прашање е тоа што за време и по инвазијата многу жители на Кипар ги изгубиле куќите и земјиштата.

Лидерите на Турците и Грците од Кипар се договорија дека можниот мировен договор ќе биде даден на референдум во двете заедници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top