Врховниот суд на Индија денеска треба да се произнесе по одлуката на градските власти на Калкута, кои забранија употреба на возила постари од 20 години за да се спречи загадување на воздухот во градот.

Повеќе од 60.000 стари возила, од моторни рикши, автобуси, автомобили, такси возила, повеќе не можат да сообраќаат низ Калкута.
Претставниците на еколошките здруженија ја поздравија одлуката, додека сопствениците на спорните возила се незадоволни.
Квалитетот на воздухот во Калкута уште викендов е значително подобрен, покажуваат истражувањата што ги спроведе приватната организација за заштита на околината „Спасител и пријател на околината“ и дневниот весник „Тајмс оф Индија“.
Според овие податоци, нивото на јаглерод во неколку најфреквентни делови на градот опаднало за повеќе од 50 отсто, додека кислородот се зголемил за 15 проценти.
Жителите сепак се жалат дека имале проблем да најдат такси.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град