Случаи на резистентност кон антивирусниот лек „Тамифлу“, кој се користи против новиот вирус на грипот А (Х1Н1), се регистрирани во близина на границата меѓу САД и Мексико, соопшти Американската здравствена организација.
– Утврдивме случаи на отпор кон „Тамифлу“ во близина на границата. Набљудувавме неколку случаи во Ел Пасо и во близина на Макалн во Тексас, изјави на прес-конференција Марија Тереза Серкеира, претставник на организацијата.
Таа потврди дека луѓето често ја минувале границата во двата правца и дека самоиницијативно го земале лекот, без препорака од лекар.
Минатиот месец еден случај на резистентност кон „Тамифлу“ е откриен во Канада, кој е првиот во Северна Америка. Отпор кон овој лек исто така е регистриран и во Данска, Јапонија и Хонгконг.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град