Иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи денеска треба да го потврди вориот претседателски мандат на Махмуд Ахмадинеџад.
Опозицијата продолжува да ги негира резултатите од претседателските избори одржани на 12.јуни, обвинувајќи го Ахмадинеџад за лажирање на резултатите.
Незадоволни од резултатите, приврзаниците на противкандидатот на Ахмадинеџад, Мир Хусеин Мусави, се собираа на протести во Техеран, барајќи повлекување на Ахмадинеџад и распишување на нови избори.
Иранските власти уапсија дел од демонстрантите,против кои деновиве се одржаа и судски процеси.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град