Црвата Св Јован Канео со силна духовна енергија се попривлечна за венчавки

Црвата Св Јован Канео со силната  духовна енергија се попривлечна за  венчавки

 |  Валентина Неловска  | 
свадба

Скопјанката Ирена и нејзиниот сопруг Стивен Пауерс од САД одлучија црковниот брак да го склучат во една од најубавите охридски цркви Св Јован Канео. Младоженците одлучиле венчавката да биде во ова црква веднаш  штом Стивен  од Вашингтон за прв пат дошол на ова место. На нивните лица денес блескаше среќа што влегувањето во заеднички животот и заветот за верност го дадоа пред Бога токму во СВ Јован  Канео. Ни откриа како одлучиле да се венчаат тука.

свадба„Охрид одсекогаш ми бил најубаво место во Македонија .Лани го донесов Стивен за прв пат во Македонија се заљуби и реши  мора тука да се земеме“, кажува со насмевка Ирена.  
Стивен Пауерс кој е научник за езерска хемија и биологија , за езерото вели дека е посебно исто и регионот околу него.

„Дефинитивно ова место има силна енергија која двајцата ја почувствувавме. Иако се сртнавме во САД, се вративме на ова место да се венчаме, кажува Стивен.
Ирена и Стивен Пауерс се венчаваа во присуство на нивни роднини и пријатели од Скопје и Вашингтон, Сад,а црковниот брак го склучи свештеникот отец Љупчо Симиџиоски. Отецот вели дека се поголем е интересот на млади брачни парови црковниот завет да го склучат во Црквата Св Јован. Местото е атрактивно и посебно во лето има повеќе венчавки. Младенците доаѓаат по вода до ова свето место, напоменува отец Симиџиески.

пауерс„Карактеристично  е што овде има венчавки и на младенци од други држави . За верниците од римокатоличката вероисповед  црковниот брак се склучува веднаш по примањето на светото миропомазание,  додека невестите или зетовите од протестанска верисповед се крштеваат целосно, кажува свештеникот.

 

Во црквата се почесто се прават и крштевки. На младенците Ирена и Стивен  Пауерс им ја честитаме венчавката посакувајќи им воиднина бројни крштевки во Св Јован Канео.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top