Вакцината против хуман папилома вирусот, задолжителна

Девојчињата на 12 годишна возраст задолжително ќе се вакцинираат против хуман папилома вирусот. Оваа вакцина влезе во календарот за имунизација на населението како задолжителна во 2009 год, но и после една година, родителите сепак скептици, колку и дали девојчињата навистина треба да ја примат.

 |  Татјана Маленкова  | 
vakcinacija
вакцинација

докторДевојчињата на 12 годишна возраст задолжително ќе се вакцинираат против хуман папилома вирусот. Оваа вакцина влезе во календарот за имунизација на населението како задолжителна во 2009 год, но и после една година, родителите сепак скептици, колку и дали девојчињата навистина треба да ја примат. Родител кој сакаше да остане анонимен, за ТВ М вели, дека Македонија повеќе наликува на голема експериментална лабораторија, во која најмладите се користат како заморчиња, отколку на земја со функционален здравствен систем, чија главна цел е здравјето на граѓаните.

Други пак засегнати родители, посебно се изненадени зошто се воведува оваа вакцина, кога статистички во Македонија нема многу заболени жени во поодмината возраст од рак на грлото на матката.

Од институтот за јавно здравје,  со свој став зошто вакцината треба да се прими и зошто истата се дава токму на шестоодделенки.

„ Во Македонија има не можам да кажам мал број но од оној број околу 250 не може да се направи валидно истражување, затоа што ефектите на вакцината не се краткотрајни. Не можеме од година две да ги видиме ефектите какви се. Треба да поминат 10,20 години за да можеме да ги цениме сфектите исто како и за останатите вакцини“, вели раководителот на секторот за контрола и превенција на заразни болести  д-р. Гордана Кузмановска.

Вакцината е четиривалентна, содржи четири различни типови на HPV вирус, поточно, антигенски елементи кои предизвикуваат создавање на вирус, кој подоцна е причина за формирање на генитални брадавици. Се дава во три дози и тоа првата по прегледот на девојчето, втората доза по два месеци и третата по шест месеци од примањето на првата доза.

„ Оваа вакцина е добиена по пат на генетски инжињеринг , самата вакцина не го содржи вирусот туку матријал растен на квасни габички и не може да пренесе самозаболување.
Вакцината може да даде несакани ефекти како и секој лек, но ги знаеме очекуваните реакции а знаеме и кои може да се неочекувани“, вели Кузмановска.

Бидејќи вакцината е задолжителна, сите родители кои нема да им дозволат на своите деца да ја примат, ќе се соочат со законски казни. Казнените одредби ќе ги спроведе државниот санитарен и здравствен инспекторат, како органи на министерството за здравство. Доколку предметот стигне до судските инстанци, законски предвидени се парични казни, а во најлош случај, казна затвор за родителот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top