Петко Кутаноски директор на Комунално, официјално, потврдено и ексклузивно!

Граѓаните од него очекуваат да ја светне Струга.

 |  Билјана Колоска  | 
Petko Kutanoski
Петко Кутаноски

Петко Кутаноски веќе трет ден е на раководното место во ЈП. Комунано. ТВм неодамна ексклузивно објави дека директорската функција на  Ваљон Џила ќе ја превземе  Кутаноски. Граѓаните од старт имаат големи очекувања од новиот директор.

kontejneriДеновиве интензивно ја скенирам состојбата во која се наоѓа Комуналното претпријатие, вели актуелниот директор Петко Кутаноски. Раководниот тим на претпријатието подготвува нова програма за преродба на истото, бидејќи е во клиничка смрт, додава тој.  Според него, приоритет во моментов е Комунално да биде граѓански сервис. Формирано е за граѓанските  потреби и  за нив треба да работи, затоа напорно ќе се трудиме да ја подобриме комуникацијата со нив, додава Кутаноски.

Освен граѓаните, на новиот директор приоритет му е да се задоволат и интересите на вработените. Кутаноски, вели дека уште од самото назначување за директор, се фатил за работа да го реши проблем со заостанатите плати.

„Со синдикатот имавме средба. Вработените треба да имаат трпение. Ќе им докажеме дека ова раководство не е како петходното само трпение треба“- директорот Кутаноски.

Додава оти  деновиве интензивно ќе се работи на средување на зелените површини и хигиената по  градот. Вели ќе вложиме максимално напори Струга повторно да биде претпознатлив туристички  град.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top