Никој не се грижи за струшкиот безистен кој пропаѓа

Струшкиот безистен во чии што рамки своевремено работеа 175 дуќани, денес работат третина од нив. Неговата состојба е очајна за дуќанџиите, хорор за минувачите и грда слика во центарот на туристичка Струга.

 |  Николоска Биљана  | 

Струшкиот безистен оставен на забот на времето. Овој објект кој пред околу 30 години со неговото пуштање во употреба беше еден од најрепрезентативните трговски објекти, денес е во катастрофална состојба. Стара и искршена дограма, лоша инсталација, уништена фасада,расфрлан отпад, е само дел од лошиот амбиентот на овој објект сместен во срцето на градот. Најмногу од ваквата состојба се погодени сопствениците на дуќаните кои што во моментов со последни сили го одржуваат својот бизнис. Дел од нив велат дека ќар имаат само во летниот период кога доаѓаат гурбетџиите.

„Вложивме многу пари, за да работиме и да правиме трговија. Сега моментално имам кафана што ја менаџира син ми но како што се гледа состојбата е многу лоша и имаме многу малку клиентела“
„Јас мислам дека за мојот бизинис или воопшто за секој бизнис што тука се врши условите се никакви. Нам ни требаат подобри услови, безистенот е во катастрофална состојба, не е нула, туку под нула, нема ни хигиена, ни тоалети ниту ништо“
„Евидентно е со какви проблеми се соочуваме. Самиот безистен е оставен на работ на времето, ништо не е сменето еве кабли висат од секој агол, имавме проблеми со струјата, кражби. Кога зборувам за кражби мислам на големи кражби на еден пред некој месец сее што имаше заработено му одзедоа“
„Ова не личи на трговски центар, условите се под нула гледате какви се каблите, се се кради ние сме под кирија и сопствениците ниту ја намалуваат киријата ниту даваат подобри услови за да работиме“.

Негативните коментари на дуќанџиите, ги споделуваат и посетителите на овој безистен. Тие сметаат дека проблемите со овој објект настанале уште кога бил и пуштен во употреба бидејќи секој дуќан имал свој сопственик.

„Се формира некоја фирма за одржување, дуќанџиите не плаќаа пари таа фирма се ликвидира пропадна и сега нема кој да го одржава. Не се знае кој е сопственикот на скалите не се знае кој е газда и не се знае кој е одговорен. Тоа додека не го решат меѓу себе како сопственици акционети тоа така ќе остане“. Јас тука сум дојден на работа….како печалбар имам поминато низ цел свет бидејќи работата ни е таква не носи….но вакво нешто ви мојов живот немам сретнато во центарот на Струга“.

Граѓаните сметаат дека доколку општината нема никакви ингеренции, треба да се изнајде законска рамка со која сопствениците на дуќаните би се казнувале заради запуштеноста на објектот и не организираноста, во поглед на хигиената и одржувањето на објектот. Во ноќните часови , овој објект а посебно вториот кат претставува градски тоалет и собиралиште на наркозависници, па оттука се наметнува прашањето дали онаму каде што може да делуваат надлежните, го прават тоа.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top