Црквите лесен плен за крадците

Тешка кражба во струшкото село Луково. Од светиот храм „Св Атанасија“ украдени 21 икона.

 |  Билјана Николовска  | 
Sv Atanasija Lukovo
Св Атанасија Луково

ikonostasПреку ноќ исчезнува македонското културно наследство. Синоќа во струшкото село Луково се случила тешка кражба. Украдена е 21 икона, од црквата „Св. Атанасија“. Станува збор за едни од најстарите и највредните икони на оваа црква. Славе Богданоски, долгогодишен служител во овој свет храм вели дека кражбите нагло почнале да се случуваат со отварањето на меѓуграничниот премин со Р. Албанија. Во корист на крадците било и неработењето на полициската станица во селото, па Богданоски порачува истата повторно да отпочне со работа како би се зголемила безбедноста во селото.
Увид извршиле и стручните тимови на Националната Установа Др. Никола Незлобински од Струга. Директорот Сашо Цветкоски кажа за потеклото на иконите кои се украдени.
Sv Atanasija LukovoПортпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски вели дека начинот на кој успеале крадците да ги украдат иконите е идентичен сњо претходните кражби. Користени биле истите инструменти при обивањето на црквите, но овој пат сторителите оставиле и други траги.
Димоски верува дека сторителите набрзо ќе бидат откриени и изведени пред лицето на правдата. Но и доколку е така се наметнува прашањето каде се останатите институции кои треба да делуваат во спречување на ваквиот криминал. Познато е дека 4 рицата албански државјани кои беа откриени при вакво дело од страна на Основниот суд во Струга добија само два месеци затворска казна, што веќе е измината. Дали лабавиот судски систем им дава простор на сторителите за ново дело?

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top