Рен елиминиран од „аматери“ во Купот на Франција

Поразот на Рен од аматерскиот тим Кјувил, како и елиминацијата на минатогодишниот освојувач на Купот на Франција, Генгамп го одбележаа осминафиналето на ова натпреварување.

 |   | 
Fudbaler
Фудбалер

RenПоразот на Рен од аматерскиот тим Кјувил, како и елиминацијата на минатогодишниот освојувач на Купот на Франција, Генгамп го одбележаа осминафиналето на ова натпреварување. Токму Рен беше вториот финалист во ланското издание на купот.

Сошо и ПСЖ имаа успешни гостувања и се пласираа во четвртфиналето.

Постигнати резултати на вчерашните натпревари во Францускиот фудбалски куп: Кјувил – Рен 1:0, Булоњ – Генгамп 1:0, Весул – ПСЖ 0:1 и Бове – Сошо 1:4.

Вечерва се играат уште три натпревари од осминафиналето, во кои се среќаваат: Оксер – Плабенек, Сент Етиен – Вен и Бордо – Монако, како и два заостанати натпревари од претходната фаза во кои играат, Тулуз – Брест и Ленс – Олимпик Марсеј.

Оваа вест е преземена од:СИТЕЛ

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top