Ред Бул триумфира на Силеврстоун

Беспрекорното возење на Себастијан Фетел од пол-позицијата до целта во трката за Големата награда на Велика Британија му донесе еден-два победа на Ред бул во Силверстоун во веројатно последниот натпревар во Формула 1 на оваа патека пред селидбата в година во Донингтон Парк.

 |  Крсте Голабовски  | 
Segbastijan Fetel
Себастијан Фетел

Беспрекорното возење на Себастијан Фетел од пол-позицијата до целта во трката за Големата награда на Велика Британија му донесе еден-два победа на Ред бул во Силверстоун во веројатно последниот натпревар во Формула 1 на оваа патека пред селидбата в година во Донингтон Парк.

Зад Германецот заврши тимскиот колега Марк Вебер од Австралија, кој во првиот дел од трката заостана зад Фетел поради тоа што беше забавуван од Рубенс Барикело од Браун, кој на крајот го освои третото место. Вебер го престигна Барикело по првата серија влегувања во боксот, но не можеше да ја загрози втората победа на Фетел сезонава, вкупно трета во кариерата за наследникот на михаел Шумахер според многумина.

SilverstoneМинатогодишниот победник и бранител на титулата Луис Хамилтон од Мекларен заврши на катастрофалното 16. место, а разочарувањето за британските фанови беше комплетирано со само шестото место на водечкиот во годинашниот шампионат Џенсон Батон од тимот на Браун. За Батон, кој триумфира во шест од претходните седум трки сезонава, ова беше прват да не се најде на подиумот годинава.

Меѓу двата браунови болида се сместија Фелипе Маса од Ферари како четврти и Нико Розберг од Вилијамс како петти, откако Бразилецот ја доби битката со Германецот. Двете последни места што носат бодови ги запоседнаа Италијанецот Јарно трули од Тојота и Финецот Кими Раиконен од Ферари.

Ваквиот епилог го намали водството на Батон во вкупниот поредок на се’ уште значителни 23 поени во однос на клупскиот другар Барикело, на кого, пак, Фетел му се доближи на само два бода, а веднаш зад него е Вебер со 3,5 поени помалку од големиот талент на Ред бул. Предноста на Батон е се’ уште над две победи, но на повеќе од половина сезона до крајот веќе му се заканува се’ побрзиот тим на најпознатиот светски производител на енергетски напитоци. Тоа, пак, го враќа водечкиот тим сезонава повторно во битка не само со Ред бул, туку и со се’ поконкурентните Тојота, Ферари и Вилијамс.

Официјално, патеката во Силверстоун, на која се одржа првата трка во Фромула 1 во далечната 1950 година, заминува во историјата и в година треба да биде заменета од Донингтон Парк. Но, сопственикот на комерцијалните права во Ф1, Берни Еклстоун, навести дека ГН на Велика Британија в година може пак да се врати тук ако Донингтон Парк не биде готова дотогаш.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top