Пеле бара лимит за астрономските хонорари

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, побара од ФИФА да воведе лимит за астрономските суми, изразувајќи стравување дека сегашната политика на големите клубови може да го уништи фудбалот.

 |  Крсте Голабовски  | 
Пеле

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Пеле, побара од ФИФА да воведе лимит за астрономските суми, изразувајќи стравување дека сегашната политика на големите клубови може да го уништи фудбалот.

„Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) би морала да воведе финансиска контрола. Однесувањето на клубовите и ненормално високите исплати за играчите ќе ја уништи оваа игра“, порача Пеле од Нигерија, каде ја промовира кандидатурата на Рио де Женеиро за домаќин на Олимписките игри 2016 година.
Крстијано РоналдоПеле рече дека е свесен оти времето кога тој играл не може да се спореди со сегашноста, но наведе дека некои работи мораат да се променат.

„Тогаш немаше големи компании и спонзори и знам дека тоа е друго време Меѓутоа, ова што денес го гледаме не е добро“, изјави Пеле.

Тој изрази стравување дека астрономските трансфери, како последните на Кристијано Роналдо и Кака од Манчестер јунајтед и Милан во Реал Мадрид може да го уништат угледот што го има фудбалот и да го претворат во фабрика за пари.

„Навивачите тогаш ќе ни завртат грб“, додаде Пеле.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top