Европско кошаркарско првенство во „Атина Бојаџи“

Спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ пред нов предизвик. Овој пат тие ќе бидат домаќини на Европското првенство во кошарка во женска конкуренција до 20 години. 11 земји учеснички ќе ги бранат своите државни бои во нашата сала надевајќи се на добар пласман. Претставниците од Кошаркарската федерација на Македонија се надеваат на уште едно успешно првенство.

 |  Мишел Наумоски  | 
sportska sala
спортска сала „Атина Бојаџи“

presОхрид силно чука на вратите на европскиот и светскиот спорт. Во месец јули салата „Атина Бојаџи“ ќе биде домаќин на Европското првенство во кошарка во женска конкуренција до 20 години. Со потпишувањето на договорот меѓу ЈП Билјанини извори и КФМ Охрид беше одреден како централна фигура во ова атрактивно натпреварување.

„Ова е значаен настан и за Македонија и за градов и за нашево претпријатие. После одржаното европско првенство во ракомет во 2008 година, ова е втор поголем настан што се одвива.“-рече Гордана Јованоска-Директор на ЈП „Билјанини извори“

Јованоска додава дека овој амбициозен проект не ќе успееше да ја види светлината на денот, доколку свој удел во организацијата немаа Кошаркарската федерација на Македонија и општина Охрид со градоначалникот Петрески.

„Ние во изминатите години силно вложивме во салата за да ја припремиме да одговара на меѓународните стандарди за одигрување на меѓународни натпревари и првенства. Вложени се преку 700.000 евра со што се овозможени посебни простории што ги бара една организација како европско и светско првенство.“-вели Градоначалникот Петрески

„Ние имавме едно многу убаво искуство во Охрид пред две години. Тоа беше сериозен тест и за организаторите, и за градот. Спортот е најефтина промоција на било што, а Охрид ги има сите предуслови за тоа-вели Дејан Лекиќ-Генерален секретар на КФМ. Тој најави една спектакуларна новина за претстојното првенство.

„Можам уште од сега да најавам еден проект кој за првпат се случува во историјата не само на Македонија туку и на Европската кошарка. Од сите натпревари ќе обезбедиме бесплатен видео стриминг што ќе биде интересно пред се за земјите учеснички, а ќе му овозможи на Охрид една промоција и надвор од спортот.“-додаде Дејан Лекиќ-Генерален секретар на КФМ

Ова европско првенство започнува на 7ми, а ќе трае до 17 Јули. 11 репрезентации меѓу кои и нашата ќе ги бранат своите бои во салата Атина Бојаџи, а се очекува да пристигнат преку 500 официјални гости и  новинари. Ова е веќе 8мо младинско првенство кое КФМ го организира во Македонија во изминативе 4-5 години.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top