Бекам пати од астма од својата десетта година

Дејвид Бекам страда од умерена форма на астма уште од детски години, соопшти портпаролот на англиската фудбалска ѕвезда.

 |  Крсте Голабовски  | 
David bechkam
Дејвид Бекам

Дејвид Бекам страда од умерена форма на астма уште од детски години, соопшти портпаролот на англиската фудбалска ѕвезда.

David BechkamБекам бил уловен од фотографи како користи инхалатор за време на мечот меѓу Лос Анѓелес Галакси и Реал Солт Лејк, одигран за време на викендот во Сиетл.

„Дејвид страда од астма уште од раното детство, но тоа очигледно нема никаков ефект врз неговата работа“, изјави агентот на Бекам, Сајмон Оливеира.

Бившиот халф на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед повторно ќе биде позајмен на Милан по Нова година, во обид да влезе во потребната форма и да се избори за место во националниот тим на Англија за претстојното светско првенство во Јужна Африка во 2010. година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top