• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Започна извршување на имотот на ГП Трудбеник каде Фибула ер Травел ќе гради брендирани хотели

Започна извршување на имотот на ГП Трудбеник каде Фибула ер Травел ќе гради брендирани хотели

Започна извршувањето на имотот на Трудбеник кај Студенчишкиот канал. Градежна механизација во присуство на полиција започна со отстранување на времените објекти на локацијата каде Фибула ер Травел во рок од две години треба да изгради два хотели од светски бренд. Извршниот директор на Трудбеник во судска постапка ќе бара поништување на купопродажниот договор за земјиштето.

 |   | 

Утрово започна постапката за извршување на  правосилна пресуда за отстранување на објектите и стварите на ГП Трудбеник од локацијата кај каналот Студенчишта. Тука компанијата Фибула ер Травел според договорот од 2011 година за купопродажба на државното земјиште треба да изгради два хотели од светски бренд. 9 години низ судски спорови со Трудбеник, Фибула се обидува да го добие во владение земјиштето. На Трудбеник  му истече рокот за доброволно иселување и од тие причини моравме да пристапиме кон извршување и преземање на површините што е неопходно за понатаму да почне постапката за проектирање на хотелите кои треба да се изградат во рок од 2 години, објаснува правниот застапник на Фибула ер Травел, Драган Коровешоски.

„ Нас најмногу не чуди зошто должникот кој тука имал времени објекти не се јавил на јавното наддавање , не ги купил површините за кои вели дека биле купени за многу евтини пари па истиот можел да ги купи. Ниту пак го поништил јавното наддавање, имал законски рокови во кои можел тоа да го направи, не го направил. А во моментов извршувањето е само една законска процедура во која недвижноста мора да биде предадена на доверителот. “ – Драган Коровешоски – правен застапник Фибула Ер Травел

Извршниот директор на ГП Трудбеник, Ацо Спироски вели дека претпријатието ќе ја почитува судската пресуда и нема да прави опструкции на извршувањето. Тој тврди дека во судски процес, за кој утре е закажано рочиште, ќе успее да го поништи купопродажниот договор за земјиштето затоа што поседувал несоборливи докази за  нерегуларности во постапката во што биле вмешани високи функционери во Министерството за транспорт и врски  и општина Охрид.


„Смислата на овој влез денеска што го прават под итна постапка е со цел со ова владение, со новите законски измени,  да добие Фибула нови рокови во однос на ново одобрение за градба, нов рок од 5 години за градба. Тоа мислам ќе успеат. А од друга страна Општина Охрид  на 15ти овој месец води постапка за раскинување на договорот. И рачунаат дека на некој начин ќе го протнат сето тоа а тие од  2011год до сега немаат одобрение за градба. Како е тоа случувано, анекси се давани, тоа е криминал пар екселанс„ – Ацо Спироски – извршен директор АД Трудбеник.

Спироски  кажа дека очекува охридскиот суд да биде објективен и покрај , како што рече, притисоците кои се вршеле од функционери и мешањето во постапката од  странски амбасадор. За купопродажбата на имотот на атрактивна локација со пазарна вредност од 4 милиони евра а купен за 20 илјади евра, Спироски вели дека е отворен предмет и од Комисијата за спречување на корупција.

Од  Фибула  ги отфрлаат сите обвинувања како невистини. Земјиштето е купено во транспарентна постапка, по пат на  јавно наддавање за што постои документација во која може да се изврши увид, дециден е правниот застапник на Фибула, Коровешоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top