Во пожар целосно изгоре сендвичарата „Вили“ во Охрид

Попладнево во пожар целосно изгоре сендвичарата „Вили“ во Охрид. 

 |   | 

Попладнево во пожар целосно изгоре угостителски објект во централното градско подрачје на Охрид.

Станува збор за сендвичара „Вили”, што се наоѓа во непосредна близина на поранешниот Градски полигон за мали спортови.

Екипи на Територијалната противпожарна единица интервенираат на лице место, но објектот е целосно уништен од интензивниот пламен.

Среќна околност во целата ситуација е што во непосредна близина на изгорената пластична барака нема други објекти па така е избегната поголема штета. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top