ВМРО ДПМНЕ : Георгиески вработува пожарникари, а укина средства за униформи и обувки

Георгиески вработува пожарникари, а без срам ги укина средствата за униформи и обувки, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Новите вработувања, кои според ВМРО ДПМНЕ се партиски, нема да го сокријат лошото менаџирање на Георгиески, рече партискиот портпарол на денешната прес конференција.

 |   | 

Георгиески лицемерно пред избори глуми загриженост за Територијалната противпожарна единица во Охрид затоа што ниту се грижи за подобрување на условите за работа на пожарникарите, ниту за набавка на дополнителна опрема и возила.

Додека Георгиески вработува 6 нови пожарникари без срам целосно ги скрати 1.700.000 денари за униформи, интервенциско противпожарно одело и заштитно одело за шумски пожари и интервенции и ги намали средствата за обувки. Георгиески да им каже на пожарникарите зошто оваа година нема да добијат К-15? – јавно праша портпаролот Божиновски.

Новите вработувања, кои според ВМРО ДПМНЕ се партиски, нема да го сокријат лошото менаџирање на Георгиески, рече партискиот портпарол. Тој наброја дека пожарникарите имаат на располагање неколку возила, нефункционална опрема, немаат скала за висококатници, без возило кое може да влезе низ тесните улички во стар град.

Да не зборуваме за противпожарен брод, без основни услови за работа и без огноотпорни одела, само неколку пара нараквици, искинати чизми, недоволно противпожарни црева и ред други алати потребни за интервенции. Искреноста на Георгиески ќе се покажеше само доколку се сетеше на пожарникарите уште од првите денови на неговото преземање на функција татко на градот и почнеше барем нешто да реализира освен предизборно вдомување на партиски кадри на само 2 дена пред распишувањето на локалните избори. – обвини портпаролот.

Божиноски обвини дека не се земаат предвид укажувањата на пожарникарите дека потребна е обука, а не како што стои во огласот дека во рок од една година лицето може да се стекне со сертификат. Тој потсети дека неодамна пожарникарите регираа и за недостаток на опрема. Власта и Георгиески покажуваат целосна неподготвеност да одговорат соодветно на елементарна непогода, заврши портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top