• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ВМРО ДПМНЕ: „Го браневме правото Охрид да биде урбанистички заштитен од нападот на висококатници“

ВМРО ДПМНЕ: „Го браневме правото Охрид да биде урбанистички заштитен од нападот на висококатници“

Вчера на седницата на Советот на Општина Охрид имавме  борба , борба за правдата , борба за вистината , за законитоста , пред се борба за Охрид.-Дејан Пановски.

 |  Татјана Маленкова  | 
press
прес

Dejan PanovskiВчера на седницата на Советот на Општина Охрид имавме  борба , борба за правдата , борба за вистината , за законитоста , пред се борба за Охрид.  Нашите аргументи во таа борба беа принципиелни и беа пред се врзани за мислењето на стручните институции кои јавно и јасно укажаа дека Деталните Урбанистички планови за опфатите Табана и Ривиера во центарот на Охрид , немаат одобрување да бидат точки на седницата на Совет. Тука застанавме на страна на процедурите и законитоста и таквиот став го браневме до крај, истакна координаторот на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Пановски.
„Исто така принципиелно и со аргументи го браневме правото Охрид да биде урбанистички заштитен од нападот на висококатници во неговиот најчувствителен дел , срцето на градот. Не можеме и никогаш нема да поддржиме изградба на градби кои го нарушуваат изгледот и вредностите на Охрид. Тука застанавме на страната на јавниот интерес во Охрид и таквиот став го браневме до крај. Бранејќи ги тие ставови ги совладавме манипулациите на локалната и дојдовме до вистината дека  заштитно конзерваторските основи укажуваат на можности за градби а не за максимализам на истите. Тешките манипулации на Локалната посебно на  секторот урбанизам со можностите кои сопствениците ги имаат за  да ги остварат своите права и поигрувањето и самоволните давани ветувања  на штета на градот конечно се препознаени. Се надеваме дека ова ќе биде сигнал никогаш повеќе вакви манипулации  да не се повторат“, истакна Пановски. Тој додаде дека ВМРО ДПМНЕ ги охрабрува и  сопствениците на земјиштата  дека конечно  после години манипулирање сега добија отворена можност да влезат во вистинска  и реална процедура на донесување на реален урбанистички план без нанесување на никаква штета никому поединечно, ниту на Охрид.  
На денешната пресс конференција советниците се осфрнаа и на одлуката за Гробарината, како и на одлуката за кредитно задолжување на ЈП Нискоградба.
pres„Мнозинството на совето предводено од СДСМ ја усвои одлуката за цената на гробарината да изнесува 720 денари.  Вака донесената одлука е на директна штета на граѓаните на Охрид, затоа што од една страна голем дел од нив кои ја платиле давачката за 2011 од 1200 денари фактички ќе бидат ограбени за разликата во износот, а за што јавното претпријатие не понуди никаква можност за компензирање на таа разлика.  Од друга страна сметаме дека доколку се направеа пореални економски анализи за висината на цената и ако општината се согласеше да субвенционира еден дел од цената тогаш ќе се дојдеше до еден износ кој што немаше во голема мера да го оптовари буџетот на граѓаните“, додаде дамовска Секуловска. Таа додаде дека Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата останува и понатаму непроменлив дека висината на давачката за гробарина треба да изнесува 200 денари и за таа цена граѓаните треба да добиваат повисок квалитет на услугите кои ги нуди ова јавно претпријатие.  Во исто време апелираме до јавното претпријатие да изнајде начин на оние граѓани кои веќе ја платиле оваа давачка за 2011 година да им понуди можност за компензација со долгот од 2012 година.
Таа проговори и за  кредитното задолжување на ЈП Нискоградба.
„Исто така баксузното мнозинство предводено од СДСМ и Народна ја усвои и одлуката за кредитно задолжување на Јавното претпријатие НИСКОГРАДБА од 6 милиони денари.  Агонијата во која е западнато ова јавно претпријатие која е резултат на недомаќинското и расипничко трошење на средствата, менаџментот на претпријатието и локалната самоуправа сакаат да ја лечат на товар на граѓаните. Како советничка група на ВМРО ДПМНЕ сметаме дека неоправданоста на овој кредит е дотолку поголема што неговата намена не е инвестициона, односно за купување на нова механизација, туку е наменет за покривање на некои тековни потреби и подмирување на обврските за ДДВ“, вели Дамовска Секуловска. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top