Вечер на филмот во Центарот за култура „Григор Прличев“

Со два документарни и еден краток игран филм пред охриѓани ќе се претстави младиот режисер, Гоце Димовски.

 |  Мишел Наумоски  | 
filmska revija
филмска ревија

Филмска вечер во Охрид. Во центарот за култура „Григор Прличев“ вечерва ќе се прикажуваат два документарни филмови и еден краткометражен игран филм. Трите се режирани од младиот македонски режисер, Гоце Димовски.

reziser DimovskiПрвиот документарен филм, насловен „Трендафил и кунатка“ е снимен во 2006та година и претставува етнолошки документарен филм, а ја обработува темата пустошот на македонското село. „Бисерот од небото“, вториот документарец всушност претставува портрет на познатиот музичар Јане Ангелевски и е посветен на годишнината од неговото упокојување. Покрај овие два филма, проекција ќе има и играниот филм, „Вишневата градина“.

„Вишневата градина“ е краток камерен филм работен по мотиви на истоимената пиеса на Антон Павлович Чехов. Времетраењето на филмот е 20 минути и во него за восхит на публиката главната улога ја има Мето Јовановски што ми е исклучително задоволство и актерката Габриела Петрушевска од Битолскиот театар.“-вели режисерот Гоце Димовски.

Meto JovanovskiДоајенот на македонското актерство, Мето Јовановски вели дека е задоволство да се работи со млади режисери, но и да им се помогне во нивните проекти. Како дополнителна мотивација за овој филм е фактот што тој претставува екранизација на дело од Антон Павлович Чехов, писател кој Јовановски навистина го цени.

„На младите режисери треба да им помогнеме, можеби со бога напред ако имаат можности во перспектива ќе бидат имиња, великани кои ќе бидат вистински репрезенти на македонската филмска продукција, ќе прават големи спектакли. Ова навистина беше малку на мускули но, важна е идејата и желбата и љубовта. Мислам дека направивме еден краток игран филм кој со тек на времето ќе има свое место, свое значење, а и сега, но мислам дека како ќе одминува времето некој пат некои добиваат на значење многу повеќе него ли во истиот тој момент кога се правени филмовите.“-рече Мето Јовановски кој го толкува главниот лик во филмот.

Проекциите на трите филма на режисерот Димовски ќе бидат бесплатни, со што велат сакаме да ги направиме уште подостапни до охридската публика која навистина ја цениме.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top