• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „УВ Гард“ за ЈЗУ Општа болница – Охрид, донација од иноваторите Поцков и Глигоров и Хотел Су

„УВ Гард“ за ЈЗУ Општа болница – Охрид, донација од иноваторите Поцков и Глигоров и Хотел Су

Современ апарат кој со УВ зраци ги уништува вирусите и бактериите во воздухот и на површините доби охридската општа болница. УВ Гард е донација од македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров а со финансиска поддршка од Хотел Су како општествено одговорна компанија.

 |   | 

„УВ Гард“ уред за дезинфекција со УВ зраци доби денеска ЈЗУ „Општа болница Охрид“. Апаратот е  изум на македонските иноватори Ивица Поцков и Никола Глигоров од Свети Николе а донацијата ја реализираа со поддршка на охридскиот хотел Су како општествено одговорна компанија.

„Уредот за дезинфекција, УВ Гард, кој го изработивме за болницата во Охрид денеска го донираме со поддршка од општествено одговорната компанија Хотел Су со цел за зајакнување на условите и заштита на здравствените работници.“– изјави Ивица Поцков.

Дезинфекција со помош на УВ светлина не е новина но поради состојбата со  пандемијата во светот тешко може да се набават вакви апарати кои се  исклучително корисни во услови кога медицинскиот персонал е безбедносно загрозен и отежнато е функционирањето на болниците. Тоа ги поттикнало овие наши иноватори да го изработат „УВ Гард“.

„Продолжуваме со нашата мисија да изработиме што е можно повеќе уреди за да покриеме повеќе здравствени установи за борба против Ковид 19. Досега имаме изработено шест уреди. Во тек е изработка на уште осум кои планираме исто така да ги донираме во здравствени установи за борба против пандемијата.“ – вели иноваторот Никола Глигоров.

Директорот на Општа болница,  д-р Горан Балевски, во свое лично име и во име на вработените се заблагодари на иноваторите и на општествено одговорните сограѓани што овозможија болницата меѓу првите установи во земјата да го добие апаратот.

„Тој е мобилен и во прво време ќе го поставиме на Инфективно одделение , таму каде што беше најоптоварена болницата целиот овај период од пандемијата со Ковид 19. После тоа ќе го преместуваме на одделенијата каде што имавме најголема циркулација или транспорт на пациенти како што се рентген, интерно одделение, хируршкиот блок. Овој апарат планираме да го користиме и по престанок на пандемијата какао гард за бактерицидно и вирусостатско средство.“ – изјава д-р  Балевски.

Овој апарат работи на принцип на зрачење кратка UV-C бранова должина од 254 нанометри и дезинфицира и површини и воздух, 360 степени наоколу.  УВ зраците допираат до недостапни места и на нерамни површини и стопроцентно ги елиминираат вирусите и бактериите. Уредот се контролира од далечина затоа што просторијата што се дезинфицира мора да биде празна.  УВ Гардот може да се користи за дезинфекција на места каде што нема електрична инсталација бидејќи  работи на струја и батерии.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top