УЈП: Ако имате долг од еден денар во Годишната даночна пресметка, не го плаќајте

Граѓаните кои во Годишната даночна пресметка имаат долг од 1 денар не треба да се грижат ниту да го плаќаат.

 |   | 

Граѓаните кои во Годишната даночна пресметка имаат долг од 1 денар не треба да се грижат ниту да го плаќаат.

Овој мал долг се јавува од разликата што произлегува при заокружувањето на децималата при пресметка на данокот во аконтативните пресметки. Ако износот на пресметаниот данок во децимала има пресметка под 0,50, тогаш се заокружува помалиот износ, а на годишно ниво да предизвика обврска за доплата, а доколку е над 0,50 се заокружува поголемиот износ, а на годишно ниво да предизвика претплата. Доколку разликата за доплата се појавува во полето „Разлика за доплата на данок што ја должи исплатувачот на доход во име и за сметка на обврзникот“, тогаш овој износ не се зема предвид за наплата, затоа што наредната година може да биде во претплата и да се пребие, велат од УЈП за Слободен печат.

Пред неколку години имаше остри реакции во јавноста откако граѓаните добија решенија да го уплатат, па за тој денар трошеа по триесеттина денари за уплатница. Овој проблем веќе е надминат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top