Тие не може да работат од дома

Тие мора секој ден да бидат на своите работни места со цел, животот непречено да тече.Ова е сторија за дел од хероите во нашиов град кои секојдневно ризикуваат да бидат заразени, работејќи ја својата работа.

 |   | 

Тие мора секој ден да бидат на своите работни места со цел, животот непречено да тече.Ова е сторија за дел од хероите во нашиов град кои секојдневно ризикуваат да бидат заразени, работејќи ја својата работа.

Состојбата со корона вирусот во светот и земјава ни го промени животот на сите, вели Соња Рилковска – дописник на МРТВ од Струга.

Од безгрижно секојдневие, потрага по тема или настан, во страв од излегување на терен. Нашата професија е особено ризична. Ние мора постојано да ја информираме јавноста за новонастанатата состојба и да бидеме во првите редови. На терен веќе при поздравување меѓусебно не се ракуваме, ниту со колегите, ниту со лицата кои ги снимаме. Држиме растојание еден од друг. Од ризичните подрачја како Дебар и струшките села последните денови изјавите ги земаме телефонски. Се обидуваме максимално да се заштитиме и себе си и своите семејства, а при тоа професионално да одговориме на новинарските задачи“ потенцира Рилковска

Љупчо Ничевски, еден од возачите на градските линии во Охрид, вели дека во моментов се вози редуцирано, има помала фреквенција на патници, но комуникацијата која што овој превозник ја овозможува не престана.

Ние возачите чувствуваме дека состојбата е сериозна, по значително намалениот број на патници. Со оглед на тоа што ова е една од линиите која обавува и ученички превоз, без децата, знае да биде навистина тивко. Но да се работи мора. Ја имаме целокупната заштита пропишана од страна на надлежните институции и се надеваме дека со почитување на препораките, успешно ќе ја надминеме и оваа криза“, вели Ничевски.

Деновиве во Охрид има драстично зголемување на обемот на работа во аптеките. Луѓето стравувајќи за своето здравје, исплашени и во паника на големо купуваат средства за дезинфекција, суплементи и лекови за намалување на телесната температура. А, фармацевтите се на своите работни места, иако во редуциран број, сепак се крајно професионални како и секогаш, за да помогнат и да ги услужат пациентите.

Условите за работа се доста отежнати во последно време, со оглед на тоа што и ние мораме да се прилагодуваме секојдневно на новата ситуација, вели фармацевтот Владо Кукунеш од аптеки „Зегин“.

Персоналот е редуциран, а тие што останавме мораме да се соочиме со новонастанатата ситуација, работа под притисок и зголемена фрекфенција на пациенти. Ги имаме сите потребни средства за заштита, маски, ракавици и средства за дезинфекција, сѐ во интерес на нашето и здравјето на граѓаните “објаснува Кукунеш.

Работата, во вакви услови, посебно кога самата налага постојан контакт со луѓе навистина е тешка. Но, доколку се почитуваат препораките, може да се обавува безбедно и успешно, вели Даниела Трајанова од охридски „Жито леб“.

Имаме заштитни маски, антибактериски гел и останати средства за дезинфекција, а се работи шалтер систем, без влез на муштерии внатре во објектите, со што хигиената е на највисоко ниво, а контактот минимален “објаснува Трајанова.

И не се само овие професии коишто овозможуваат животот непречено да тече. Тука се и здравствените работници, во јавните и приватните здравствени установи, продавачите во маркетите, шалтерските работници во администрацијата и банките кои секојдневно се изложени, а крајно професионално придонесуваат нормално да се одвива животот во регионов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top