Тепачка во Косел, запалено возило во движење-СВР Билтен

Тепачка меѓу браќа во Косел, запалено патничко возило во движење. Погледнете го најновиот СВР Билтен.

 |   | 

На 31.07.2021 година во 22.05 часот, во СВР Охрид пријавено e нарушување на јавниот ред и мир во охридското село Косел, со физички напад извршен од А.М.(43), врз неговиот брат Љ.М.(53), двајцата  од истото село. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30/31.07.2021 од 20 до 01 часот, при обезбедување на музички концерт на просторот на поранешниот Градски полигон за мали спортови во Охрид, од полициски службеници од СВР Охрид, констатираа дека организаторот на концертот, овозможил присуство на малолетни лица по 24 часот, поради што СВР Охрид, против одговорното и против правното лице, ќе поднесе соодветна пријава.

На 31.07.2021 година во 18.20 часот, во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во патничко возило во движење на локален пат кон охридското село Велестово, во кој нема повредени лица. Од извршениот увид констатирано е дека пожарот настанал при движење на  автомобил „Рено Меган”, со холандски национални ознаки, сопственост и управувано од М.П.Ф.М(57) од Холандија. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top