Таксистите ќе водат список на патници од еден дo друг град

Таксистите кои вршат превоз од една во друга општина мора да ги евидентираат патниците. Таксистите гневни, велат оваа мерка ќе го намали бројот на патници. Од Секторот за комунален развој сообраќај и патишта смируваат. Од таму велат дека ги следат најновите теркови, но излегуват во пресрет на авто такси превозниците на територијата на општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
taksi
такси

taksiДоколку сакате да патувате со такси превоз од Охрид до Струга, Битола, Скопје или било кој друг град во земејава задолжително треба со  име и презиме да бидете евидентирани во дневникот на патници кој треба да го поседува секој лиценциран авто таски превозник. Тоа го предвидуваат најновите измени во Законот за патен сообраќај во делот на вршење авто такси превоз. Таксистите не сакаа јавно да коментираат како овие измени би се рефлектурале врз нивната работа, но, од една страна сметаат дека оваа законска одредба ќе донесе повеќе проблеми во авто такси превозот а од друга страна драстично ќе го намали бројот на патници бидејќи се задира во нивните лични податоци. Љупчо Танески од Фондот за сообраќај и патишта вели дека оваа мерка мора да се почитува а за спроведување треба да се разгледаат олеснителни околности.

„Од она што можам јас да го кажам во консултација со колегите од одделението за сообраќај тоа ќе биде превоз на патници каде што ќе се води список со име и презиме на патниците. Меѓутоа во следните неколку дена по одржаниот состанок помеѓу претставниците на одделението за сообраќај и подрачаната единица на МТВ во Охрид ќе излезиме со дополнителни информации и за дневникот како општина дали ќе можиме ние да го издаваме“ – вели Танески.  

taksiИако оваа одредба веќе е стапена на сила, поголем дел од таксистите сеуште не се информирани каде можат да го набават Дневникот за патници.

„Дневниците можат да се најдат во подрачните единици на МТВ при Владат на РМ меѓутоа ние како сектор за комунални дејности сообраќај и улици максимално ќе излеземе во пресрет на такси превозниците на територијата на општинан Охрид и од одделението за сообраќај ќе одржат координативен состанок со претставниците на подрачната единица на транспорт и врски и со најновите информации ќе се обратиме до нашите корисници преку нашиот општински сајт“ – појаснува Танески.

Од секторот за комунален развој сообраќај и патишта согласни се дека со водење на еден ваков дневник на патници се навлегува во приватноста и личните податоци на граѓаните но велат дека за кратко време после одржаните состаноци ќе излезат со нови информации за содржината на дневникот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top