Студенти, професори од 15 земји во Охрид го изучуваат македонскиот јазик

Македонскиот јазик се изучува на сите меридијани. Четириесеттина студенти, научни работници, универзитетски професори од 15 земји ширум три континенти деновиве во Охрид интензивно го учат македонскиот јазик и култура во рамките на традиционалната 54 та Меѓународна летна школа.  

 |   | 

Македонскиот јазик се изучува на сите меридијани. Почнувајќи од Канада, преку Кина и Кореја па се`до Холандија, Русија и Турција.

Четириесеттина студенти, научни работници, универзитетски професори од 15 земји ширум три континенти деновиве во Охрид интензивно го учат македонскиот јазик и култура во рамките на традиционалната 54 та Меѓународна летна школа. Културната дипломатија е најдобрата стратегија во напорите на помалубројните народи за нивно етаблирање во меѓународната заедница, рече претседателот Пендаровски, кој најави отворање на нови славистички катедри.

Во следниот период очекувам многу поинтензивен ангажман на државните институции но и на академските установи во зајакнувањето на постојните и отворање на нови лекторати по македонски јазик на странските универзитети. Искуството не учи дека изучувањето на македонскиот јазик во рамките на ректоратите и славистичките катедри на странските унивезитети во изминатите децении прдонесе да стекнеме докажани пријатели – истакна Пендаровски.

Годинава македонската школа е во чест на великанот Блаже Конески по повод одбележувањето на 100 годишнината од неговото раѓање.  

Да ви понудиме исклучително квалитетна настава поточно да ви помогнеме в изучувањето на амкедоснкиот јазик а вие да го научите што подобро македоснкиот јазик, да ја читате македонската литература и да ја изучувате македонската култура – истакна ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски..

Македонскиот јазик се смета за најегзотичен во групата словенски, балкански јазици. Тој е едно големо богатство, а глаголскиот систем и граматиката се најголемиот предизвик за изучувачите македонисти, велат професорите.

Следните 20 тина денови учесниците на годинешната Летна школа ќе имаат можност да слушаат лекторска настава со вкупен фонд од 55 часа, како и 13 предавања од врвни специјалисти и познавачи на творештвото на Конески.

 

Новинар Соња Рилковска

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top