ССМ загрижен за скратувањето на синдикалните права

Намалувањата на синдикалните права се повеќе ги загрижува работниците. Затоа ССМ пред Владата веќе достави повеќе предлози и мислења околу Предлог измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.

 |  Валентина Нелоска  | 
Dragan Cvetanoski
Dragan Cvetanoski

Dragan CvetanoskiНамалувањата на синдикалните права се повеќе ги загрижува работниците. Затоа ССМ пред Владата веќе достави повеќе предлози и мислења околу Предлог измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.  Станува збор за предлози кои се во интерес на работниците, а  кои очекуваме  да бидат прифатени годинава, вели претседателот на Општинската организација, Драган Цветаноски. Тој истакнува дека преку нивната оргнизација барале да се стопира донесувањето на измените, да не се ставаат во Собраниска процедура  додека не се постигне договор помеѓу социјалните партнери. Сега, синдикаллците очекуваат пред да се донесат Предлог измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност  за нив да се расправа на Економско социјалниот совет.
Со предлог измените на удар се ставени вработените, луѓе на возраст од 57 и 59 години, кои се на прагот пред оставрување на правото на старосна  пензија. Нивните права драстично се намалуваат, потенцира претседателот на ОО на ССМ. „Оваа категорија на луѓе доколу би биле  прогласени како  технолошки вишок би останале без работа и со намалени социјлани права. При тоа, законското решение нуди намалување на  лимитот од 5 години користење паричен надоместок при прогласување  на техншки вишок  да се намали на 18 месеци,“ укажува Цветаноски.
Од ССМ  доставиле и повеќе предлози со кои се бара   подобра заштита на правата на работниците од областа на работните односи. Меѓу другото е побарано да се  утврди највисок износ на паричен надоместок во висина од 50 проценти од просечната нето плата,  да се зголеми бројот на испратнините при отказ од деловни причини до максимум од 18 испратнини и  да се воведат повеќе услови за пензионирање, нагласува Цветаноски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top