Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше

Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше. 21 седница на охридскиот совет беше во знакот на советнички прашања. Советниците најзаинтересирани за превработеноста во општина Охрид и ЈП, поддршката на туризмот и сл, додека пак не слушнавме прашање каде граѓаните на Охрид се директно засегнати.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica
седница

sednicaДенес се одржа 21 та седница на Советот на општина Охрид. На дневен ред се најде само една точка и тоа поставување на советнички прашања. Динамиката на поставување на пршањата беше однапред утврдена и редоследот беше запазаен од страна на советниците. Советничката говорница прв ја употреби Тони Тунтев, координаторот на СДСМ. Неговото прашање се однесуваше на превработеноста во Локалната самоуправа и во ЈП.

„Зошто се вработуваат или колку се вработени нови луѓе во Локалната и во ЈП ако знаеме дека основната жалба на Локалната власт беше дека Јавната администрација е гломазна превработена или неефикасна а истовремено се користат негативни оценки и тенденциозно спроведени стручни испити за да се примени еден одреден политички реваншизам, значи и покрај децидната изјава на градоначалникот кога беше кандидат за градоначалник дека новата власт не доаѓа за да брка од работа туку доаѓа да создава нови работни места“ – праша Тунтев.

sednicaСтојам позади сите претходно и сега дадени изјави во јавноста, дека општинската администрација и онаа во ЈП е екстремно предимензионирана, вели градоначалникот Никола Бакрачески. Но одговорот на прашањето на Тунтев е дека имале недостаток на стручно квалификуван кадар и во администрацијата на општина Охрид и во ЈП, односно дека преовладува кадар кој што воопшто не е потребен. Бакрачески тврди дека нема отпуштање на вработени.

„Она што му недостасува и што е апсурдно за олкав голем или екстремен број на вработени во општинската администрација и во ЈП е високо квалификуван кадар соодветно на потребите на општината и на ЈП. Значи од тие причини ние досега сме ангажирале само 4 службеници во општинската администрација односно имаме реализирано само 4 вработувања. Значи спротивно од она што постојано се замајува јавноста дека се вработуваат кадри во општината и во ЈП на големо односно дека се вработуваат партиски војници. Во ЈП вкупниот број на вработени е 3“– одговори Бакрачески.

Тунтев не беше задоволен од одговорот на градоначалникот. Смета дека добил одговор за работниците на неопределено работно време, а неговото прашање се однесувало за работен ангажман односно вработување со договори, преку агенции за вработување. Бакрачески  нагласи дека има ангажирање со волонтерски договори, но тие биле ангажирани на позициите за кои сметале дека се инсуфициентни, односно тоа се оние за кои нема соодветна замена од постоечкиот кадар. Јованка Дамоска Секулоска пак постави прашање околу поддршката на Локалната самоуправа во туризмот пред сезоната.

sednica„Со кои мерки и конкретни активности Локалната самоуправа ќе влијае врз подобрување на наредната туристичка сезона, која што ни следува, имајќи во предвид дека претходните години сведоци сме дека Локалната самоуправа не одвојуваше ниту денар во однос на тоа да понуди директна поддршка на туризмот во општината“-праша Секулоска.

Намалување на туристичката такса, цената на паркинг просторот, корекција на цените на угостителите, се само дел од мерките кои ќе ги преземе Локалната во насока на поддршка на туризмот во градов, изјави Бакрачески. Но цел на Локалната било да се поддржува изградбата на луксузни хотели со 5 звезди, за што веќе имале најава за изградба на заинтересирани инвеститори.

„Наша цел во иднина ќе биде да ја стимулираме токму изградбата на овие луксузни хотели. Значи од прилика за еден месец  после интензивните преговори и олеснувања кој што во административната постапка ги направи општина Охрид, ќе имаме можност да започне постапката за изградба на еден од таквите хотели“– најави Бакрачески.

На 21 седница посветена на советнички прашања впечатокот е дека прашањата од кои директно се засегнати граѓаните на Охрид, односно нивните проблеми, изостанаа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top