Со брод од Радожда до Св. Наум

Со брод од Радожда до Св. Наум би била новата туристичка атракција на брегот на Охридското Езеро. Хотелската асоцијација ХОТАМ не се откажува од ваквата замисла. Со години бара бродско поврзување на секое населено место вдолж крајбрежјето.

 |  Соња Рилковска  | 

Бродска линија од Радожда до Свети Наум за рамномерен туристички развој на секое населено место на брегот на Охридското езеро.

Од хотелската асоцијација ХОТАМ  предлагаат поврзување на целото  крајбрежје. Сите населби,  селца и  градови да бидат достапни за туристите по езерски пат.

На тој начин се избегнуваат гужвите во сообраќајот, а воедно се збогатува туристичката понуда на брегот на Охридското езеро.

 „Цело крајбрежје во летната сезона д има поврзување со убави бродови кои ќе ја поврзат Радожда со Свети Наум секое населено место  да има пристап за застанување на големиот брод така што патникот да може да седне било каде и да стигне до било кое населено место по воден пат“, вели Крсте Блажески.

Со години се водат интензивни преговори, но речиси  секогаш надлежните наоѓаат различни изговори.Еден од нив е дека изградбата на пристапни пристаништа во  секое населено место би се косела со препораките на УНЕСКО.

„Имаме зборувано и со министертсво имаме доставено и до сите влади уште од минатата влада оваа влада боруваме уште на таа тема. Секогаш изговор е нели дека УНЕСКО и тн Ако има УНЕСКО тогаш треба да ги забраниме сите бродови кои пловат. Ние ги имаме тие четири брода тие се полни и одат до една дестинации и таа е исполнета секогаш другите ги имаме заборавено“, додава Блажески.

По половина век пауза во 2014 година беше воспоставена бродска линија Охрид Поградец, која поради слабиот интерес згасна во 2017 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top