• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот

Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот

Голем број аранжмани откажани, а осмомартовските патувања во најголем дел нема да се реализираат. Корона вирусот си го зема данокот и во туризмот. Оваа сезона доколку во наредниов месец не стивне епидемијата ќе биде промашена, велат од ХОТАМ.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Ширењето на Корона вирусот во Европа и ширум светот негативно се одразува врз туризмот. Голем број аранжмани се откажани, а и осмомартовските патувања во најголем дел нема да се реализираат, велат од ХОТАМ. Хотелите се речиси празни, а туристичките агенции останаа без работа.

Намалување и откажување на гости дефинитивно има, бројката не може сега да се каже, тоа ќе се сумира на крајот на сезоната , но се очекува да има 20 до 30 % намалување, вели Крсте Блажески-претседател на ХОТАМ.

ХОТАМ заедно со членовите на управниот одбор имале неколку состаноци со Агенцијата за подршка и промоција на туризмот. Одржале состанок и со претставници на туристичките агенции на кој се дискутирало какви мерки да се превземат. Блажески вели дека нема што многу да се направи и мора да се почитуваат препораките на СЗО.

Ако во наредниов месец не се пронајде некаков лек или вакцина против овај вирус тогаш оваа сезона не ќе може да се спаси, вели Блажески.

Инаку, на иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се формира коодринативно тело кое има задача да ги превенира можните штети во туристичката индустрија од Корона вирусот.
Составено од 12 членови од 5-те комори и асоцијации за туризам, АППТ и претставници од министерството за економија, кординативното тело се состанува еднаш неделно, а по потреба ќе ја зголеми и динамиката на состанување. На средбите договорено е приватниот сектор да даде информации за договорите со авионската компанија WizzAir што лета за Италија со цел процена на можните штети на домашните компании.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top