Сеуште се бара загадувачот на водата кај плажата „Андон Дуков“

Специјалистите за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид со претпоставка дека најверојатен загадувач е колекторскиот систем во тој дел. За негово дефинитивно откривање ќе се прават повторно анализи на водата кај „Андон Дуков“, но и на повеќе плажи долж Охридското Езеро.

 |  Мишел Наумоски  | 
andon dukov
андон дуков

 

Ни повторените испитувања на квалитетот на водата кај плажата „Андон Дуков“ не го открија дефинитивно виновникот за загадувањето. По првите поразителни резултати кои говореа за најлош можен квалитет на водата кај оваа плажа од дури петта класа и според хемиските и според биолошките параметри, повторените испитувања велат дека езерото извршило самопрочистување, па сега квалитетот на водата кај „Андон Дуков“ е со втора класа. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје, вели дека при работата на терен биле забележани талози во водата од кои се ширела непријатна миризба.

zagadeno Andon Dukov„При мониторингот во „Андон Дуков“, долж целиот камп, заедно со техничарот во трската кон Охрид имаше талог, најверојатно на фекални материи, затоа што има непријатна миризба, кога ќе се оди веќе кон кампот, во една ливада, има нешто како каптажа, бетонско, на кое има сандаче за уклучување и исклучување на нешто. Што е тоа не пробав да уклучам за да не направам некој проблем или да ме здрма мене струја, тоа мора да видиме што е, а тоа ќе видиме сега, во 2015та година, дури не почнала сезонава и летово, тоа треба да се реши додека не дојде летната сезона.“-вели д-р Лидија Симоноска од Центарот за јавно здравје од Охрид.

Д-р Симоноска вели дека продолжуваат со испитувањата и дека повторно ќе бидат земени примероци и тоа на повеќе локации, се додека не се пронајде загадувачот на Охридското Езеро.

kvalitet vodi„Нема друг објект што би го загадувал Охридското Езеро тука. Објектите на зима не работат, кампот воопшто, па да речиме отпадниве води од кампот се исфрлаат кога има бран. Најверојатно е канализациониот, односно колекторскиот систем, најверојатно е тоа, ама тоа мора да се докажи, ова е само претпоставка моја и од други специјалисти по хигиена, па сега треба да докажеме, ќе чекаме пак врнежливо време со бран и потворно ќе земиме во врнежливо време со бран, вода па ќе видиме. И не само од „Андон Дуков“, и од многу други плажи ќе земиме. Затоа што ова со „Андон Дуков“ почна да ни поставува еден голем прашалник, што ако и на други плажи ова истово се прави? “-рече д-р Симоноска.

Инаку, тимот на д-р Симоноска паралелно со овие испитувања вршеле испитувања и на квалитетот на езерските води кај плажата Мизо, Сараиште, Ј`но, градското пристаниште, хотелите „Палас“ и „Ројал“ како и реките „Сатеска“ и „Коселска“ во пресрет на празникот Богојавление-Водици со цел безбедно капење на скокачите по крстот. Примероците биле земени на 13ти Јануари, а резултатите ќе бидат готови на 18ти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top