Пукнатата цевка го откри штрајкот

Инцидентот со пукнатата цевка на ул.„Кленоец“ откри дека нешто не е во ред во Јавното охридско претпријатие „Нискоградба.

 |  Крсте Голабоски  | 
defekt
defekt

Што шкрипи во ЈП „Нискоградба“? Дефектот на цевка кој рано изутрина се случи на улицата „Кленоец“ со часови несаниран. Неофицијално дознаваме дека станува збор за штрајк на вработените чијашто разврска се очекува, а Директорот на ова јавно претпријатие Владо Цветкоски, без коментар за ваквата ситуација. Штетата во секој случај е на товар на граѓаните. Жителите од улицата Кленоец, вчудоневидени од односот на вработените во Ј.П., кои пристигнале на местото каде се случил дефектот и делумно само го обележале, а за санирање да не станува збор. Штетите што жителите ги имаат во своите дворови од час во час стануваат се поголеми.

„Службите само дојдоа, го поставија ова и си бегаме. Како си бегате кога водата поплавува? Се крева нивото и влегува во куќите. Никој не реагира. Оваа работа ја имаат од „Нискоградба“ преземено, меѓутоа не работиме, не сме плаетни, 4 месеци немаме земено плата.4 месеци ако ова течи ние што да правиме“, велат жителите.

Дефектот се случил во раните утрински часови, а жителите прво мислеле дека станува збор за дожд. Дворовите веќе почнале да се поплавуваат од големото количество вода, кое се заканувало да ги поплави и нивните подрумски простории. После нивната дојава, пристигнале службите од „Нискоградба“ кои само ги оставиле сообраќајните знаци за обележување на локацијата и заминале. Жителите велат дека биле приморани сами да го обележат просторот, бидејќи утрото дошло и до помал инцидент на самото место.

„Од Нискоградба после еден час и половина стигнаа да ги затворат шиберите. Ако не покушавме ние со шахтите тогаш цел реон ќе беше поплавен.Ама успеавме да санираме колку што се можит. Водата уште течит, од Нискоградба изгледа си се под штрајк, така известија нема ни да дојдат да санираат. Асфалтов се крева и бандерава може да падне, со струјава проблем да има. Исто утринава децата на школо кога одеа на овој дел пропадна едно детенце.“зборуваат жителите на ул.„Кленоец“.

defektЗа да ја минимизираат штетата, жителите ги отвориле уличните шахти, но тоа велат многу малку им помогнало. Додаваат дека сега бавчите се веќе поплавени, а вода има навлезено и во подрумите на некои куќи. И не е само овој проблем.Ова е проблем само за еден ден. Кога врне дожд овде се собира езеро. Нема каде да оди водата, цела вода од Езерка се слива тука, ниту една шахта нема. Цевките се запуштени, а никој не дошол да види во што е проблемот, велат револтирани жителите на ул.„Кленоец“. Директорот Цветкоски потврди дека станува збор за сериозен проблем на чие решавање ЈП ќе работи во текот на денот. Околу и за штрајкот немаше коментар.

„Ние знаеме да пуштаме сметки за отпадни води, а отпадниве води си стијат на пат. Редовно се плаќаат сметките а проблемот си стои нерешен“ револтирани се жителите на ул„Кленоец“.

Дали станува збор за штрајк или не останува да видиме во деновите кои се пред нас. Како и да е, за пробемите со кои несомнено се соочува ова претпријатие, зборуваат и не толку розевите квартални извештаи за работењето на јавните претпријатија кои со светлосна брзина минуваат на седниците на Советот на Општината.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top