Промоција на дански културен настан во Охрид

Утре во НУ Центар за култура „Григор Прличев “ настапува  33 члениот состав на данскиот хор „Копенхаген“, познат по изведба на композиции од Вивалди и Хендл, како и од скандинавски автори.

 |  Николоска Биљана  | 
hor
хор

За прв пат во Охрид гостува данскиот хор „Копенхаген“. Нашиот град е дел од нивната балканска турнеја. Драгана Боцевска, директорката  на Центарот за култура вели дека иницијативата на данскиот хор за посета на Охрид била прифатена со огромно задоволство од нивна страна и заедно со општината се потрудиле овој настан што подобро да го организираат. Таа додаде дека овој настан влегува во промоција на културниот туризам, односно освојување на туризмот и културата.

 boceska„Охрид се повеќе и повеќе нуди такви можности за спојување на овие две работи, културните настани влегуваат и во делот на туризмот па имаме две заеднички добра. Се надеваме дека ќе имаме еден убав несекојдневен настан во 18 часот, тие се околу 33 членови имаат и пијано придружба“ – вели Боцевска.

Ова е почеток на една успешна соработка со Центарот за Култура, вели Антонио Балески од ТЛЕР. Додава дека општина Охрид со овој настан воедно се вклучува во напорите за организација на повеќе настани од ваков карактер во градов.

„Во оваа прилика би сакал да ги поканам сите заинтересирани граѓани посебно љубителите на хорската музика да присуствуваат на концертото утре секако дека водевме сметка и за економскиот аспект, влењзот е слободен, сите се добредојдени.  Би сакал да ги поканам и сите туроператори кои работат со странските туристи дека и тие се добредојдени“ – изјави Балески.

Балески најавува уште поголема соработка со Центарот за култура, не само за вакви настани, туку и за други иницијативи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top