Постојан видео-надзор во училиштата во Охрид

Постојана чуварска служба, видео-надзор и континуирано присуство на полицијата се дел од мерките што ќе се воведат во средните и основните училишта во Охрид, за да се придонесе за намалување на наркоманијата како најголема опаснот по младата популација

 |   | 
video nadzor
видео надзор

ucilishteПостојана чуварска служба, видео-надзор и континуирано присуство на полицијата се дел од мерките што ќе се воведат во средните и основните училишта во Охрид, за да се придонесе за намалување на наркоманијата како најголема опаснот по младата популација

Тоа се дел од мерките за кои расправаше Локалниот совет за превенција за подрачјето на општина Охрид, на состанокот посветен на општата безбедносна состојба во општината, наркоманијата, справувањето со ризиците од кучињата-скитници, питачењето и уличното осветлување, како услов за безбедност во заедницата.

На средбата е укажано и на потребата од осветлување на училишните дворови, но и на повеќе улици и објекти што се наоѓаат во нивна непосредна близина, бидејќи таквите неосветлени места се посочени како збиралишта на нарко-дилерите.

Обврските утврдени на состанокот, заеднички ќе треба да ги реализираат градоначалникот, Советот на општина Охрид, МВР, Центарот за социјални работи и Агенцијата за млади и спорт.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top