Поставен камен темелник на резервоар за вода во Требеништа

Се решава деценискиот проблемот околу водоснабдувањето во село Требеништа. Денес градоначалникот на  Дебрца, Игор Трајкоски фрли лопата на камен темелникот за изградба на нов резервоар. И не само тоа мештаните ќе добијат и нова водоводна мрежа, бидејќи во постапка е замена на старата.

 |  Николоска Биљана  | 

Поставен камен темелник на резервоар за вода во Требеништа, охридско. Со тоа се решава деценискиот проблем на месното население од ова село околу недостатокот на вода. Како што обелодена градоначалникот на Дебрца, Игор Трајковски ова село ќе добие не само резервоар туку ќе биде заменета и старата водоводна мрежа со нова.

„Жителите на село Требеништа ќе добијат квалитетна вода за пиење во наредниов период. Резервоарот е со капацитет од 150 кубици што значи дека ќе има доволно резерва на вода и по природен пат ќе се снабдува самото село со вода. Досега имавме состојба каде што се работеше за каптажа резервоар, значи капацитетот на постојната  каптажа дирекно се влеваше во цевководот и се снабдуваше селото со вода“ – нагласи Трајкоски.

Трајкоски информира колкава е финансиската конструкција за изградбата на резероарот за вода во Требеништа, како и за тоа од каде ги обезбедиле средствата.

„Инвестицијата е околу 1 800 000 денари, средствата се обезбедени преку бирото за регионален развој од Скопје, ние како Локална самоуправа аплициравме и успеавме да излобираме и добиеме средства, така што се на терет на буџетот на РМ“ – вели Трајкоски.

Новиот резервоар за вода ќе биде пуштен во употреба за два месеци, кога и ќе финишираат градежните активности за негова целосна изградба. Истиот со вода ќе снабдува околу 600 жители. Издашноста на изворот е 4 литри во секунда што е  доволно за добар притисок, велат упатените во оваа проблематика.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top