Полицискиот час и мерките да останат до 15-ти јуни, предлага Филипче

 Венко Филипче предлага полицискиот час и мерките за заштита од коронавирус да останат важечки до 15-ти јуни.

 |   | 

Министерот за здравство Венко Филипче по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на Главниот координативен кризен штаб му предложил полицискиот час и мерките да останат да важат до 15-ти јуни на територија на целата земја.

Филипче образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови, соопшти Министерството за здравство.

Епидемиолошката состојба во државата, потенцираат од МЗ, е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид – центрите на територија на цела држава.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби прв пат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа, нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани, стои во соопштението.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top